Исчистени три диви депонии кај селото Трпејца на брегот на Охридското Езеро
- Во заедничка акција на „Охридски комуналец“, вработени во Националниот парк „Галичица“ и месно население исчистени се три диви депонии во атарот на селото Трпејца, на источниот брег на Охридското Езеро.

Охрид, 19 февруари 2025 (МИА) – Во заедничка акција на „Охридски комуналец“, вработени во Националниот парк „Галичица“ и месно население исчистени се три диви депонии во атарот на селото Трпејца, на источниот брег на Охридското Езеро.
Во рамки на акцијата спроведена на иницијатива на ЈП „Охридски комуналец“ од три локации е собран и подигнат 22 метри кубни кабаст отпад.
Учесниците во акцијата изразуваат уверување дека акцијата ќе влијае за подигнување на јавната еко-култура за потребата од зачувување на природно богатство, уште повеќе што станува бор за местото Трпејца, село што со својата местоположба и посебна убавина треба да претставува украс на Галичица и Охридското Езеро. аб/дма/
фото: „Охридски комуналец“