• e shtunë, 21 dhjetor 2024
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Министерот Лимани на предновогодишно дружење со децата од групните домови при ЈУ „25 мај“

Министерот Лимани на предновогодишно дружење со децата од групните домови при ЈУ „25 мај“

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“. Во духот на новогодишните празници, посетата беше и прилика за новогодишни подароци и дружење, информираат од Министерството.

Во моментов 16 деца на возраст од 11 до 18 години се згрижени во станбените единици при Јавната установа 25 Мај, деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение. Децата тука добиваат 24-часовна грижа од стручен тим и со нивна поддршка ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Како што велат од Министерството, тие преку индивидуална работа со секое дете го откриваат неговиот потенцијал и го насочуваат и охрабруваат да ги оствари своите идеи и планови. Заедно ги надминуваат и предизвиците но, заедно ги  прославуваат и  победите и успесите, бидејќи функционираат како едно големо семејство во кое секој член е еднаков.

Со трансформацијата на институционалната грижа во групно домување, освен што се  подобрени условите за живот на децата, младите до 18 годишна возраст стекнуваат нови пријателства со своите врсници од опкружувањето. Преку заедничкото живеење тие стекнуваат навики за меѓусебно помагање и поддршка. сст/аа/

фото Министерот за социјална политика, демографија и млади

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR