• e diel, 22 dhjetor 2024

Средба Костадиновски-Чевик: Продолжија дискусиите за поддршка и дигитализација на Уставниот суд

Средба Костадиновски-Чевик: Продолжија дискусиите за поддршка и дигитализација на Уставниот суд

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остварил работна средба со Махмут Чевик, заменик-претседател на Турската агенција за соработка и координација и Шејма Бабајигит, координаторка на „ТИКА”, на која, како што информираат од Уставниот суд, биле продолжени дискусиите за поддршка на процесот на дигитализација и зајакнувањето на капацитетите на Судот, како клучни елементи за поефикасно работење на Судот.

Заменик-претседателот на „ТИКА”, Чевик, изразил подготвеност Агенцијата да придонесе во процесот на дигитализација на Судот, преку кој ќе се подобри работењето од технички аспект, што директно ќе се рефлектира во подобрување на ефикасноста на постапките.

Костадиновски изразил искрена благодарност за досегашната поддршка од страна на „ТИКА”, потенцирајќи ја подготвеноста за почнување на соработката и предвидените активности во наредниот период. 

Од Уставниот суд, посочуваат дека, во февруари Уставниот суд добил техничка опрема од компјутери и печатачи за вработените. Претходно, „ТИКА” учествуваше во опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година, како и обезбедување на техничка опрема во 2013 година. аа/

Фото: Уставен суд

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR