• e diel, 22 dhjetor 2024

Меџити за Груби: Не е работа на политичарите да даваат информации, МВР и судството да си ја вршат работата

Меџити за Груби: Не е работа на политичарите да даваат информации, МВР и судството да си ја вршат работата

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Не е работа на политичарите да даваат информации. Пораката е дека никој не е над законот, да ги оставиме МВР и на судството да си ја вршат својата работа, изјави денеска министерот за животна средина Изет Меџити, одговорајќи на новинарско прашања дали има информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Како што посочи, работа на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот.

-Пораката е дека никој не е над законот. Секој кој се огрешил треба да одговара, а ќе го оставиме на МВР и на судството да си ја вршат својата работа. Тоа не е наша работа, работа на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот, изјави Меџити денеска пред почеток на настанот во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Претходно, тој во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

Прашан дали ќе се преземат дополнителни мерки за чадот од отпад во Злокуќани, Меџити одговори дека ќе се заложи да се интервенира за конкретниот случај и да се делува построго.

-Пред три седници владата донесе посебна програма на мерки, каде што се вклучени сите институции за да придонесат за почист воздух и поздрава природа. Веќе се на терен, сегде се работи, но за конкретниот случај ќе се заложам да се интервенира, оти тие информации се допрени до мене. Мислам дека делуваат, но ќе делуваме и построго, рече Меџити.бт/аа/

Фото: МИА Архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR