• e diel, 22 dhjetor 2024

Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември - Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија, на која присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.

Тошковски, како што информираат од МВР, во своето обраќање истакнал дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.

-Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко. Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани, подвлече Тоошковски.

Тошковски, се вели во соопштението, го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој. аа/

Фото: МВР

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR