• e enjte, 06 mars 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - СВР Тетово поднел кривична пријава против И.Х.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против А.Х.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 27.02.2025 во Тетово, соопштија денеска од МВР, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од А.Х., во кое сопатник бил И.Х., при што била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

СВР Тетово поднел кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока за што му зел 4.100 евра, но до пријавувањето не го сторил ветеното. 

СВР Тетово поднел кривична пријава против С.Ш. од с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 во с.Жировница, пријавениот презел градежни дејствија во недвижен имот сопственост на едно лице од с.Жировница, без претходно да добие одобрение за градење. Со ваквото дејствие го оштетил буџетот на општина Маврово и Ростуше, односно државниот буџет, избегнувајќи да уплати комунални и други давачки кои се однесуваат на обезбедување на потребна документација за извршените градежни работи.

СВР Куманово поднел кривична пријава против Љ.З.(27) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03.09.2024 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето  му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 41.433 денари на штета на Буџетот на РСМ.

СВР Куманово, соопштија од МВР, поднесе кривична пријава против Б.М.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.09.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој претходно го набавил од пријавениот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и  одземен канабис.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ш.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

На 04.03.2025 во 19.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.Н.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитални ваги со траги од прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 05.03.2025 во 01.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена грутчеста материја. По целосно  документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на улица „Кленоец“ во Охрид, а потоа и при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.И.(39) од гостиварското село Форино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 26.02.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 04.03.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.К.(35) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 09.50 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(55) од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 04.03.2025 во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 04.30 часот на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(75) од Скопје и неговиот сосед В.Д.(45) од Тетово, со престој во Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје, Е.Х.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот, додека управувал автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кондово, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(31) и С.С.(42), двајцата од с.Кондово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 13.30 часот во СВР Скопје, И.С.(53) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Џ.Б.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во парк на ул.„Никола Русински“ на подрачјето на Карпош во Скопје паднало дрво врз десетгодишно дете од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

На 04.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка М.А.(15) од Скопје, за која на 12.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот.

На 04.03.2025 во 11.30 часот во СВР  Битола, М.Р.(62) од Битола пријавил дека на ул.„Илинденска” во Битола била касната од куче скитник.

На 04.03.2025 во 15.30 часот во СВР  Битола, М.Д.(22) од Битола пријавил дека  на ул.„Широк сокак” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 04.03.2025 во 13.30 часот, Г.Ц.(71) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Димитар Влахов“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.Ѓ.(78) од Кичево пријавил дека на улица „Илинденска“ во Кичево бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR