• e enjte, 06 mars 2025

Пешевска: Тренчевска наместо да глуми грижа, да си го преиспита однесувањето

Пешевска: Тренчевска наместо да глуми грижа, да си го преиспита однесувањето

Скопје, 5 март 2025

 

Од кујната на СДС добиваме само лаги, зачинети со лицемерие!
Наместо да глуми грижа, Јованка Тренчевска да си го преиспита однесувањето!
Крајно дрско и лицемерно е да го сквернавиме денот на кој треба сите да сме сплотени и единствени, а борбата за подобрување на положбата на жените да ни биде врвен приоритет!
Клубот на пратенички постои за сите да имаме усогласен и единствен став по однос на прашањата што ги засегаат жените!
Доколку се постигне консензус, тоа е најдобро, но кога не постои консензус, она што се случува во Клубот, треба да остане во Клубот, а не да се изнесува на прес-конференции и притоа да се зачини со безброј лаги и измислици, произволни толкувања и обиди за дефокусирање на јaвноста од битните случувања во државата!
Бевме свесни дека нашата добра намера ќе се злоупотреби и еве - вчера и денес, токму тоа се случува!
Ваков наратив не ни е потребен, посебно деновиве кога треба да ги славиме достигнувањата и предизвиците за подобрување на положбата на жените општеството и државата.
На мојата колешка Тренчевска ќе и порачам дека секаков обид за дефокусирање на јавноста нема да им успее!
Борбата за подобрување на статусот на жените во политиката подразбира искрени намери и чесни одлуки, но пред сè меѓусебна доверба и почит.
Со вакви изјави и прес-конференции уште повеќе ја убедувате јавноста колку сте лицемерни и дека партијата и партиските насоки ви се пред сè и над сè!

ЛИНК ОД ФБ СТАТУС: https://www.facebook.com/share/p/18NDTcYAAF/
 
Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR