Средби на Муцунски со амбасадорите на Шведска и Чешка во земјава
- -На средбата со шведската амбасадорка изразив задоволство од односите меѓу двете земји, кои континуирано се надградуваат и зајакнуваат. Интензивната претстојна билатерална агенда се очекува да внесе дополнителна динамика во соработката. Посебен акцент беше ставен на натамошното унапредување на економската соработка и трговските односи. Изразивме подготвеност за проширување на соработката со конкретни проекти и техничка помош во рамките на воспоставената билатерална соработка со Шведската развојна агенција SIDA, објави Муцунски на Фејсбук страницата.

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска остварил одвоени средби со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, и амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
-На средбата со шведската амбасадорка изразив задоволство од односите меѓу двете земји, кои континуирано се надградуваат и зајакнуваат. Интензивната претстојна билатерална агенда се очекува да внесе дополнителна динамика во соработката. Посебен акцент беше ставен на натамошното унапредување на економската соработка и трговските односи. Изразивме подготвеност за проширување на соработката со конкретни проекти и техничка помош во рамките на воспоставената билатерална соработка со Шведската развојна агенција SIDA, објави Муцунски на Фејсбук страницата.
На средбата со чешкиот амбасадор, додава Муцунски, ја поздравил принципиелната и конструктивната улога на Чешка кон нашиот регион, како дел од заедничкото европско семејство.
-Во фокусот на разговорот беше и претстојната Трета сесија на Мешовитиот комитет за економска соработка помеѓу двете земји, која е планирана за 10 и 11 март 2025 година во Прага, на која македонската страна ќе биде претставена на високо ниво. Оваа редовна сесија ги одразува реалните потенцијали за инвестирање во нашата држава и ги отвора бројните можности за натамошна економска соработка, наведува Муцунски.
Во фокусот на двете средби бил и евроинтегративниот стремеж на нашата држава и одлучноста на Владата за спроведување на клучните реформски процеси на тој пат.
-Се осврнавме и на актуелните геополитички состојби и нивното влијание врз стабилноста на нашиот регион и пошироко, додава министерот во објавата. нд/цр
Фото: Фејсбук