Левица: Поддршка на младите и студентите во нивната масовна антикорупциска борба
- СООПШТЕНИЕ - Левица го следи развојот на настаните и повторно изразува поддршка за автентичното самоорганизирање на студентите за експлицитно студентски прашања поврзани со нивното претставување.
- Post By Лидија Велковска
- 20:38, 23 mars, 2025

23 март 2025
Левица го следи развојот на настаните и повторно изразува поддршка за автентичното самоорганизирање на студентите за експлицитно студентски прашања поврзани со нивното претставување.
Од друга страна, гледаме дека во најтраорните денови во поновата македонска историја, кога ја преживуваме најголемата колективна болка како нација - во овие денови на жалост, владејачката партија ДПМНЕ, преку нивните квазиновинарски загари, организира јавна хајка против млади луѓе, користејќи провладини и одвратни спинови.
Авторитарниот пристап на властодршците не' загрижува за демократската атмосфера во општеството. Во ова осетливо време уплашената власт избира да се пресметува со опозицијата, за да избегне одговорност за трагедијата на нивните неспособни кадри.
Левица остро го осудува ова однесување на корумпираните власти, кои без ронка срам сакаат да го демонизираат гневот и болката на младите кон системот кој ни одзема толку блиски луѓе и сограѓани, давајќи му партиски контекст.
Партиите на естаблишментот, кои учествуваа во креирање на тридеценискиот расипан систем, да не морализираат - Левица настана и ќе продолжи да постои како одговор токму на нивната корупција!
Силата на едно општество лежи во смелите идеи и неисцрпната енергија на младите. Кога создаваме вистински можности за нив, создаваме напредокот на целото општество. Поддршката на младинскиот активизам е заложба за подобро утре.
За Левица и за нашата Црвена младина, чии активисти се меѓу повредените во немилиот настан, должност е да ги поддржиме и заштитиме!
Борбата против корумпираните допрва почнува!
фото:Левица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.