• e mërkurë, 26 mars 2025

Приведено лице од липковско, управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место 

Приведено лице од липковско, управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место 

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час.

Како што соопшти МВР, вчера во 11:30 часот, на регионален пат Куманово - село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.

При контрола на патниот сообраќај, како што се наведува во соопштението, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/ев/

Фото:МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR