• e enjte, 20 mars 2025

Казахстан ќе изготви јавен регистар на корумпирани функционери

Казахстан ќе изготви јавен регистар на корумпирани функционери

Астана, 20 март 2025 (МИА) - Казахстан ќе изготви јавен регистар на корумпирани функционери, а соодветниот закон веќе се разгледува во Парламентот, рече претседателот на националната Антикорупциска служба, Дархан Куракбаев во обраќањето пред Сенатот.

„Планирано е да се наведат лица кои извршиле корупциски дела, но при донесена пресуда или друга одлука. На пример, по напуштање на функцијата (во случај на тешки кривични дела кои не подлежат на рехабилитација), доколку тоа обвинителството го одобри. Но, тоа се само планови, мора да се регулира со закон. Овој закон во моментов се разгледува во Парламентот. Затоа, откако ќе помине низ сите овие процедури, откако ќе го потпишат, ќе започне имплементацијата“, рече Куракбаев.

Исклучувањето од списокот ќе биде можно врз основа на правосилна ослободителна пресуда или по бришење на криминалното досие.

Претходно беше објавено дека списокот ќе биде објавен на веб-страницата на националната Антикорупциска служба на Казахстан. рп/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR