• e shtunë, 27 korrik 2024

За првпат ЕУ обезбеди средства за Украина од профит од запленет имот на руската централна банка

За првпат ЕУ обезбеди средства за Украина од профит од запленет имот на руската централна банка

Брисел, 26 јули 2024 (МИА) - Европската комисија објави дека ЕУ за првпат денеска насочува средства за помош на Киев од профит од запленет руски државен имот под европските санкции против Москва поради војната во Украина.

Со тој потег, Украина ќе ја добие првата исплата од 1,5 милијарди евра.
Собраните средства се од средствата од имотот што го чуваат централните депозитари за хартии од вредност и беа обезбедени од финансиската компанија Еуроклиар до ЕК како прва рата на 23 јули. Парите сега ќе бидат ставени на располагање за поддршка на воените капацитети на Украина и помош на земјата да се опорави од штетата предизвикана од руските напади. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR