• e diel, 02 mars 2025

Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Њујорк, 1 март 2025 (МИА) - Враќањето на војната во Појасот Газа би било „катастрофа“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додека завршува првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас и се наѕира неизвесност околу преговорите за продолжување на прекинот на огнот.

„Императив е да се направат сите напори за да се спречи враќање на конфликтот, што би било катастрофа. Трајниот прекин на огнот и ослободувањето на сите заложници се од суштинско значење за да се избегне ескалација и понатамошни разорни последици за цивилите, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, по 15 месеци разорна војна во Газа, а денеска завршува првата фаза од договорот за прекин на огнот.

Во моментов нема индиции за преговори за продолжување на примената на примирјето. рп/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR