• e enjte, 20 mars 2025

Велика Британија домаќин на воените претставници од „Коалицијата на подготвените“

Велика Британија домаќин на воените претставници од „Коалицијата на подготвените“

Лондон, 20 март (МИА) – Велика Британија денеска ќе биде домаќин на состанок на високи воени офицери од „коалицијата на подготвените“ за да се разработат плановите за предложената мировна мисија во Украина.

Состанокот, на кој ќе учествуваат претставници од над 20 држави, ќе се одржи зад затворени врати.

Високи воени офицери од земјите кои ја сочинуваат „коалицијата на подготвените“, предводена од Велика Британија и Франција, состанокот ќе го одржат во Заедничкиот штаб на Велика Британија во Нортвуд. Тие ќе разговараат како мировната мисија во Украина ќе функционира во пракса.

На состанокот е предвидено да учествува и британскиот премиер Кир Стармер.

Претходно, претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Москва нема да толерира присуство на воени сили од која било земја-членка на НАТО во Украина, без оглед на нивната улога.

САД исто така се двоумат дали да ја обезбедат потребната воздушна заштита за Украина, за која членките тврдат дека е неопходна. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR