• e diel, 23 shkurt 2025

Британскиот премиер и претседателката на ЕК се заложија за праведен и траен мир во Украина

Британскиот премиер и претседателката на ЕК се заложија за праведен и траен мир во Украина

Лондон, 22 февруари 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ја нагласија „неопходноста од обезбедување праведен и траен мир“ во Украина, соопшти денеска британската влада.

Во телефонски разговор, речиси три години по почетокот на руската инвазија, двајцата лидери се согласија дека Европа мора да ги засили напорите за колективната безбедност на континентот.

Стармер, кој в четврток треба да се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп во Белата куќа, вети дека ќе продолжи со важните разговори за Украина во наредните денови и недели, вклучително и во Вашингтон.

Европските лидери стравуваат дека Трамп би можел да стави крај на војната под услови поволни за Москва, без да обезбеди безбедносни гаранции за Киев.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе допатува во Вашингтон в понеделник.

Во посебен телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Стармер ја потврди „непоколебливата поддршка на Велика Британија за Украина“.

„Ова е клучен момент за иднината на Украина и за европската безбедност во целина“, се наведува во соопштението на британската влада.

Стармер истакна дека Украина мора да биде во центарот на сите мировни преговори.

Лондон, кој редовно ги истакнува историските „специјални односи“ со Вашингтон, има намера да игра посредничка улога меѓу САД и Европа во однос на Украина, пишува Гардијан. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR