• e diel, 23 shkurt 2025

Берлинале 2025: „Соништа“ на Даг Јохан Хаугеруд добитник на Златната мечка

Берлинале 2025: „Соништа“ на Даг Јохан Хаугеруд добитник на Златната мечка

Берлин, 22 февруари 2025 (МИА) - Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале).

Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.

Во конкуренција за престижната награда годинава беа 19 филмски остварувања. ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR