Апел на Општина Велес до граѓаните за внимателно движење по улица „Даме Груев“ под Којник каде падна потпорен ѕид
- Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира граѓаните внимателно да се движат по улицата „Даме Груев“ во стариот стрмен дел од градот.
Велес, 27 јануари 2025 (МИА) – Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира граѓаните внимателно да се движат по улицата „Даме Груев“ во стариот стрмен дел од градот.
-На улица „Даме Груев“ над куќен број 3 (наспроти куќен број 8) во стариот стрмен дел на Велес под месноста Којник се сруши стар потпорен камен ѕид кој го потпираше трупот на улицата „Даме Груев“. До самиот ѕид, на работ на улицата има поставено дрвена бандера на која има инсталации. До преземање на потребните активности за поставување на соодветна сигнализација и до преземање на градежни активности за санирање на појавениот проблем, ги замолуваме граѓаните кои транзитираат на споменатата улица да возат внимателно и доколку се во можност да ја избегнуваат за движење и сообраќање, соопштија од Општина Велес.ад/вј/
Фото: Општина Велес