• понеделник, 20 април 2026

Михајловска и Мислими најдобри на атлетската трка „Водно 10К“

Михајловска и Мислими најдобри на атлетската трка „Водно 10К“

Скопје, 30 март 2026 (МИА) – Фросина Михајловска од АК „Аеродром“ и Мухахид Мислими од АК „Ускана“ стигнаа први на целта на петтата атлетска трка на Водно што ја организира Атлетскиот клуб „Фортиус“.

Првото место во машка конкуренција на 10 километри го освои Мухахид Мислими од АК „Ускана“,втор е Жан Тосев од АК „Струмица“ трет Димитар Петровски од АК„Олимп“од Скопје. Четвртти беше Григоријан Никовски од  АК„Олимп“, петти е Роберто Димитриевски од АК „Велес“. .

Кај жените прва e  Фросина Михајловска од АК „Аеродром“, втора Благица Јованова од АК „Делта“, трета Милена Чкрипеска од АОК „Златоврв“. Четвртта  е Викторија Тодоровска, петта Христина Гиздовска.

Сите петмина првопласирани во двете категории, мажи и жени добија парични награди од организаторот. Воедно наградени беа и најдобрите во штафетно трчање. 2X5 во машка и женска конкуренција.

Стартот на трката беше од Средно Водно, се трчаше  до манастирот "Свети Пантелејмон" и назад, со вкупна должина околу 9,6 км.

 Како што информира  за МИА, Влатко Јакимоски од АК „Фортиус“  основна цел на трката е промоција на спортот, рекреацијата и здравиот начин на живот. 

- Како организатори, задоволни  сме што  секоја година на трката  има се’ повеќе и повеќе учесници и рекреативци од целата земја, а  кои го подржуваат спортот и рекреацијата, во природа на чист воздух, потенцира  Јакимоски.

Инаку трката  „Водно 10 К“ се бодува и е дел од трките на Македонската тркачка лига за 2026 година. ад/

Фото: МИА

Остани поврзан