Кремљ очекува продолжување на трилатералните преговори Русија-САД-Украина во Абу Даби
- „Има контакти, но сега зборуваме за продолжување на процесот на преговори со Украина. За тоа разговаравме и со нашите американски колеги така што можеби тој процес ќе продолжи во трилатерален формат … Наши претставници се состанаа во Абу Даби и сосема е можно таму да продолжат состаноците, изјави Ушаков.
Москва, 9 септември 2026 (МИА) - Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави денеска дека не исклучува можност за продолжување на трилатералните преговори Русија-САД-Украина во Абу Даби.
„Има контакти, но сега зборуваме за продолжување на процесот на преговори со Украина. За тоа разговаравме и со нашите американски колеги така што можеби тој процес ќе продолжи во трилатерален формат … Наши претставници се состанаа во Абу Даби и сосема е можно таму да продолжат состаноците, изјави Ушаков.
Тој додаде дека рускиот претседател и специјалните пратеници на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговарале за можностите за продолжување на трилатералните преговори.
Оцени дека разговорот на Путин со Виткоф и со Кушнер на 5 септември во целина, не бил само конструктивен туку и содржаен.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека Русија очекува во иднина трилатерални преговори со учество на Русија, САД и на Украина.
„Се надеваме дека тие преговори ќе продолжат во догледна иднина. Продолжуваме да одржуваме контакти со нашите американски колеги, додаде тој. Според него, моментно не постојат утврдени планови за решавање на проблемот со Украина“, изјави тој. зш/
фото ЕПА