• понеделник, 09 март 2026

Со посредство на ОБСЕ финализиран Нацрт-договорот за заеднички гранични премини на македонско-албанската граница

Со посредство на ОБСЕ финализиран Нацрт-договорот за заеднички гранични премини на македонско-албанската граница

Тирана, 16 февруари 2026 (МИА) - Заедничката работна група меѓу Албанија и Северна Македонија, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Албанија, вчера успешно ги заврши преговорите за договорот за „Формирање заеднички гранични премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија и спроведување на заеднички активности за гранична контрола“, објави Мисијата на ОБСЕ.

„На средбата во Поградец учествуваа претставници на граничната полиција, правната дирекција, одделот за ИТ и царинската управа, со цел финализирање на нацрт-договорот. Овој момент означува важен чекор кон зајакнување на прекуграничната соработка, олеснување на законското движење и зголемување на безбедноста преку координирано управување со границите, стои во објавата.

Се посочува дека Мисијата на ОБСЕ останува посветена на поддршка на практични иницијативи ориентирани кон резултати кои ја унапредуваат регионалната соработка и придонесуваат за стабилноста и безбедноста во регионот. вт/паг/

Фото: Мисија на ОБСЕ-Тирана 

 

Остани поврзан