Салах се подготвува за заминување од Ливерпул
- Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и во Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“
Ливерпул, 4.февруари 2026 (МИА) – Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“. Тој кон крајот на ланската година јавно искажа незадоволство од менаџерот на Арне Слот, а потоа неколку натпревари беше и на клупата. По враќањето од АФКОН, се врати во првиот тим со добри игри.
Ситуацијата се меѓу Ливерпул и Салах се смири, но тој најверојатно во летниот преоден рок ќе замине од Енфилд и кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа. Клубовите од Саудиска Арабија покажуваат интерес за негов ангажман и подготвени се да направат се за да го видат во своите редови. Ова пред сè се однесува на Ал Итихад, клуб кој дури и ја зголемил понудата по неочекуваното заминување од клубот на Карим Бензема и на Н’Голо Канте.
Салах на крајот од сезоната ќе биде во последната година од договорот со Ливерпул, па негова продажба би значела и добивање на пари за трансфер во Саудиска Арабија.
Инаку, купувањето на Салах во летото 2017 година за 42 милиони евра се покажа како еден од најдобрите трансфери некогаш реализирани. мн/
Фото: ЕПА