• среда, 25 февруари 2026

Реал Мадрид ќе купува играч од Премиер лигата

Реал Мадрид ќе купува играч од Премиер лигата

Мадрид, 5.февруари 2026 (МИА) – Во Реал Мадрид се подготвуваат за нов трансфер, а познато е дека „кралскиот клуб“ секогаш ги сака најдобрите. По заминувањето на Тони Крос, а потоа и на Лука Модриќ средината на Реал е значително ослабена.

На радарот на управата на клубот од Мадрид е аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез, кој сезонава има одлични настапи во дресот на Челзи. Играчот беше желба и на Карло Анчелоти, додека беше на клупата на Реал. Според информациите од Лондон и фудбалерот би сакал да го облече дресот на „кралскиот клуб“.

Фернандез има одиграно 150 натпревари за Челзи и постигнал 27 голови и има исто толку асистенции. Процената на Реал Мадрид е дека играчот може да чини 140 милиони евра, со што би станал најскапо засилување (Килијан Мбапе дојде како слободен играч).

25-годишниот фудбалер има договор со Челзи до 2032 година. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан