• сабота, 18 април 2026

Претстава „Тестостерон“ вечер повторно на програмата на Фестивалот 5-РЕ

Претстава „Тестостерон“ вечер повторно на програмата на Фестивалот 5-РЕ

Велес, 28 март 2026 (МИА) – На големата сцена на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер по вторпат, поради големиот интерес на публиката, ќе биде одиграна претставата „Тестостерон“, веднаш по синоќешната премиера  што се одржа во рамките на отворањето  Фестивалот„ 5 РЕ“.

Претставата „Тестостерон“  е по текст на полскиот автор  Анджеј Серемонович во режија на Синиша Ефтимов, а во неа играат актерите од велешкиот театар: Филип Христовски, Јордан Витанов, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев и Стефан Николовски.

Инаку, на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ пред бројна публика синоќа свечено беше отврен 5. јубилеен фестивал „5 РЕ“ што го организира Општина Велес и театарот. Во преполната сала на театарот беше доделена и актерската награда за животно дело  „Петре Прличко“ за 2026 година  на актерот Атила Клинче, а беа прочитани и светската и македонската порака за Светскиот ден на театарот, 27 март.

Во обраќањето пред публиката Атила Клинче истакна дека е многу среќен што ја добива оваа награда која го носи името на Петре Прличко, актер кој остави голем белег во македонската театарска култура.

-Сите ние зад нас сакаме да оставиме нешто, а Петре Прличко и на белото платно и на даските што живот значат остави многу. Ние актерите сме сонувачи, секогаш со отвoрени очи сонуваме за дела, меѓутоа она што го правиме со ваш аплауз и ваша поддршка е со надеж следната улога да биде подобра.Така и на моите драги студенти им велам секогаш добро сонувајте, нема лош сон. Ние за да стигнеме до целта секогаш треба да бидеме спремни, актерот мора да биде комплетен, да каже, актерот мора да буде пример на едни општество. Јас се надевам дека за 44 години во актерските води сум направил нешто за македонската култура и театар, потенцира Клинче.

Тој искажа  надеж дека  наскоро ќе биде готова и пуштена во функција новата театарска зграда на Турскиот театар во Скопје

Во рамки на фестивалската програма во вторник вечер ќе биде одиграна претставата „Куршуми над Бродвеј“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

Инаку на програмата  фестивалот „5 РЕ“ , кој ќе трае трае до 8 април освен домашни, ќе настапат и театри од Србија и од Црна Гора. ад/вг/

ФОТО МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан