• четврток, 25 декември 2025

Нови имиња на Олд Трафорд

Нови имиња на Олд Трафорд

Манчестер, 24.декември 2025 (МИА) – Во редовите на повеќекратниот првак на Англија Манчестер Јунајтед се подготвуваат за нови имиња во средниот ред. Планот би требало да се реализира во летниот преоден рок, а целта е да се донесат двајца нови играчи.

Во фокусот на вниманието се: Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вартон од Кристал Палас, Карлос Балеба од Брајтон и Алекс Скот од Бурнемут.

На ова се надоплува дека од клубот можно е да заминат Бруно Фернандеш, Касемиро и Мануел Угарте, додека неизвесна е судбината и на Коби Маино.

Доколку „црвените ѓаволи“ успеат да ја реализираат оваа своја идеја можно е да се ослободат од високите договори на дел од играчите, а секако дека ќе имаат фудбалери во своите редови кои се помлади од актуелните. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан