Прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Железничка и кај „Неуромедика“
- Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) – Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Од претпријатието посочуваат дека со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. ра/ац/
Фото: МИА архива