• вторник, 14 април 2026

Наполи освои само бод на гостувањето кај Парма

Наполи освои само бод на гостувањето кај Парма

Парма, 12.април 2026 (МИА) – Екипата на Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Парма попладнево во рамки на 32.коло на Серија А. Елмас во игра влезе во 78.минута на местото на Кевин Де Бруин, но не успеа на својата екипа да и помогне да стигнат до победа.

Домашниот тим дојде во водство веќе во првата минута со голот на Габриел Страфеца, а уште еднаш стрелец за Наполи беше шкотскиот репрезентативец Скот Мек Томини во 60.минута.

Наполи остана на второто место на табелата со 66 бодови, шест помалку од лидерот Интер. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан