• четврток, 25 декември 2025

Надал би бил фантастичен тренер за Алкараз

Надал би бил фантастичен тренер за Алкараз

Мадрид, 24.декември 2025 (МИА) – По објавувањето за крај на соработката меѓу шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и неговиот тренер Хуан Карлос Фереро, првиот тренер на тенисерот Карлос Сантос даде интересно видување за надминување на проблемот.

-  Рафаел Надал би бил фантастичен тренер за Карлос. Неговото воспитување, неговите вредности, карактер и скромноста. Тоа многу корисно за Карлос и сите околу него, истакна Сантос.

Притоа тој надополни дека Шпанија има исклучително многу поранешни квалитетни тенисери кои би можеле да му помогнат на Алкараз за напредува.

Разделбата меѓу Алкараз и Ферер предизвика бројни реакции во тенискиот свет, а името на Надал сè почесто се споменува како потенцијална опција за тренерско име покрај освојувачот на неколку Грен слем титули. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан