На маратонот „DIBRA SUMMER RUN" најбрз Октај Беќири од Ростуше
- -Ова се мигови исполнети со енергија, спорт и емоции. Дебар уште еднаш покажа дека спортот обединува, инспирира и носи живот и позитивна енергија во нашиот град, рече градоначалникот Фисник Меља.
Дебар, 11 август 2026 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026" успешно е реализиран и маратонот „DIBRA SUMMER RUN" на кој учествуваа стотина учесници од Дебар, Скопје, Ростуше и Тирана.
Се трчаше на пет километри, а прв на целта стигна Октај Беќири од Ростуше. Неговиот брат Харис Беќири беше трет, додека втор на целта пристигна Блеранд Мулаи од Дебар.

-Ова се мигови исполнети со енергија, спорт и емоции. Дебар уште еднаш покажа дека спортот обединува, инспирира и носи живот и позитивна енергија во нашиот град, рече градоначалникот Фисник Меља.
Тој изрази задоволство од успешно завршената активност, која, како што нагласи, ги обедини граѓаните, љубителите на спортот и учесниците од сите возрасти, создавајќи посебна атмосфера низ улиците на Дебар.

- Им благодариме на сите учесници, организатори, волонтери и на сите оние кои придонесоа за реализацијата на овој настан. Продолжуваме да создаваме активности кои му даваат на нашиот град повеќе живот, енергија и можности за сите, посочи Меља.
Во рамки на истата манифестација „Дебарско лето 2026" во тек се турнири во мал фудбал во Дебар и село Долно Косоврасти. вт/дма/
Фото: МИА