• понеделник, 06 април 2026

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Триесетина проекти со вредност поголема од една милијарда денари во областа на образованието инвестира Владата преку Министерството заобразование и наука за изградба на нови училишта и спортски училишни сали, реновирање училишта, студентски домови, со цел подобри услови за работа на наставно-образовниот кадар и подобри услови за учење на учениците и студентите. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клиничките центар „Мајка Тереза“ за планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура. 

- Би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како Влада до меѓународни финансиски институции кои би се вклучиле во процесот на финансирање на проектот за конечно завршување на Клиничкиот центар, односно Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом таму. Завршување на проектот за здравствен дом со проширена дејност во Кичево, односно болницата таму. И, нормално, реконструкција на Клиничката болница во Тетово - рече Мицкоски. 

Очекува дека процесот ќе биде привршен овој месец и ќе може да влезе и во следната фаза. 

- Така што, реновирањето и изградбата на сите овие проекти ќе бидат навистина нешто што досега е невидено во Македонија - нагласи Мицкоски. сс/вг/

Фото МИА

Остани поврзан