• петок, 20 март 2026

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон

Кувајт, 28 февруари 2026 (МИА) – Меѓународниот аеродром во Кувајт бил погоден од дрон, што резултирало со „полесни повреди“ кај одреден број вработени, како и со „ограничена материјална штета“ на патничкиот терминал, соопшти Генералната управа за цивилно воздухопловство на Кувајт.

Нивниот официјален портпарол, Абдулах ал-Раџи, изјави дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена“, јави Ал Џезира.

- Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на патниците и персоналот на аеродромот останува наш врвен приоритет - изјави Ал-Раџи. Тој додаде дека властите ќе продолжат да информираат преку официјални канали штом ќе бидат достапни повеќе информации. јт/

Фото: Х

Остани поврзан