МВР Билтен
- Полициски службеници од СВР Скопје вчера и утрово во Скопје, на различни локации, ги лишија од слобода Д.Н.(46) од скопско, Е.А.(24) од Скопје и М.Е.Џ.(22) од Германија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера и утрово во Скопје, на различни локации, ги лишија од слобода Д.Н.(46) од скопско, Е.А.(24) од Скопје и М.Е.Џ.(22) од Германија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк - Фонтана на бул.„Илинден“, при вршење на службени дејствија кон лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот. Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
На 07.08.2026 во 21:35 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, кај с.Ботун, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода М.Ѕ.(29) од с.Чучер Сандево, скопско. При превземање мерки, полициските службеници запреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, пти што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле неговиот сопатник и Н.Х., констатирани во Компексот клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.08.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустиниjан Први“, пред крстоница со ул.„Пат за Китка“, во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Д.(22) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Ф.(38) од с.Смесница, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген венто“, а со телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.08.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од Д.И. (26) од Косово, удрило во пешакот Д.М.(71) од с.Раотинце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 06.08.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.Д.(22) од струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 21:35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.В.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2026 во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
На 08.08.2026 во 09:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(57) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ги нападнал неговата 47-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лиција од слобода С.Ѓ.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, Е.М.(42) од Скопје пријавила дека околу 17:20 часот во автосервис на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Б.Ѓ.(50) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2026 во 17:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода З.Р.(51) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 51-годишна вонбрачна сопруга. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.А.(45) од Скопје пријави дека околу 12:10 часот на подрачјето на Бутел, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2026 во 00:20 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С. (28) од с. Калиште, гостиварско. При контрола било утврдено дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки без положен возачки испит. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2026 во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.К.(49) од Охрид. Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и оштетено било патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а со повреди поради вдишување на чад се здобил М.Д.(41) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу две групи, при што бил употребен и нож. Притоа, со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од с.Камењане. По преземени мерки на 08.08.2026 во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово од солбода е лишен од слобода А.Р.(20), додека во 01:30 часот во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од с.Ново Село и А.Б.(23) од с. Горно Палчиште. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица и се работи на идентификување на други лица учесници во овој настан. Увид на место извршила екипа од СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишник од село Гошинце, липковско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 22:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.С.(18) од Неготино. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Неготино бил сопрен мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од А.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без да поседува возачка дозвола. Тој бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 09:40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, В.М.(49) од Кавадарци, управувајќи мопед „априлиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 07.08.2026 во 11:00 часот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Д.Б.(47) од село Орах. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко моторно возило „ застава југо“ и било констатирано дека возилото го управува без возачка дозвола и нерегистрирано. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д.(43) од Куманово затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.08.2026 во 03:34 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(29) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,72 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.К.(40) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 29-годишна вонбрачна партнерка и со остар предмет и упатувал закани. Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 23:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(22) од село Виничани, Градско. При сообраќајна контрола на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кој го управувал Д.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центар за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ.Ш., С.Ш. и нивните пет малолетни деца, при што било констатирано дека немало основни услови за живот и одгледување на децата. За настанот бил известен јавен обвинител, а со родителите бил извршен службен разговор. Во содејство на инспектор за малолетници и социјални работници од Центар за социјални работи Велес децата биле однесени во Општа болница Велес за утврдување на нивната здравствена состојба, по што биле предадени во Центар за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 08.08.2026 во 03:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ш.К.(63) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.08.2026 во домот со тврд предмет ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2026 во 16:30 часот на место викано „Крстосница Раковска“, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода А.Л.(20) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола на регионален пат Чашка-Дреново бил сопрен мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Л. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 02:45 часот во СВР Штип било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилсттво, а по наредба на јвен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 07.08.2026 во 13:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(22) од с.Трубарево. скопско. При сообраќајна контрола на ул.„Благоја Стефковски“, полициските службеници сопреле мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, при што било констатирано дека С.Б. го управувал без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 19:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека во с.Дулица, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С. и С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2026 во 23:45 часот од ул.„Живко Чинго“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(24) од Скопје. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило кое го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. бк/