Марко Ѓуриќ: Најлошото сценарио е избегнато
- „Го поздравувам овој договор и им честитам на српските преговарачи за нивните напори и постигнатиот резултат. Грижата за луѓето останува главен приоритет на политиката на претседателот и Владата на Србија. Го поздравувам ангажманот на претставниците на Европската Унија, САД и пошироката меѓународна заедница за решавање на проблемите предизвикани од едностраните и некоординирани дејствија на владата на Курти“, нагласи Ѓуриќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
Белград, 16 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека решението дефинирано во триаголникот Брисел-Белград-Приштина го избегна најлошото можно сценарио за Србите и за сите кои работат и живеат на подрачјето на Косово и дека нивните интереси се заштитени во многу тешки околности.
„Го поздравувам овој договор и им честитам на српските преговарачи за нивните напори и постигнатиот резултат. Грижата за луѓето останува главен приоритет на политиката на претседателот и Владата на Србија. Го поздравувам ангажманот на претставниците на Европската Унија, САД и пошироката меѓународна заедница за решавање на проблемите предизвикани од едностраните и некоординирани дејствија на владата на Курти“, нагласи Ѓуриќ, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
Според него, спроведувањето на другите договори од дијалогот, а особено спроведувањето на потпишаниот и ратификуван договор за формирање на Заедницата на српски општини, не е само право на српскиот народ, туку и неопходен чекор за да се обезбеди дека во иднина меѓуетничките и институционалните односи во Косово ќе бидат подобри и помалку зависни од нечија самоволност.
Во Косово вчера почнаа да го спроведуваат законот за странци и за возила. Србите кои работат и студираат на Косово ќе добијат дозволи за престој за почетен период од една година, додека Србите кои живеат во Косово ќе имаат три месеци да добијат документи издадени од Приштина. зш/сд/
фото:МИА архива