• петок, 20 март 2026

МААЕ ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и повикува на воздржаност

МААЕ ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и повикува на воздржаност

Виена, 28 февруари 2026 (МИА) – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти денеска дека внимателно ги следи случувањата на Блискиот Исток и повика на воздржаност за да се избегнат ризиците по нуклеарната безбедност на населението во регионот.

Во објава на X, се напоменува дека МААЕ е во постојан контакт со земјите во регионот.

„Засега нема докази за каков било радиолошко влијание“, наведе МААЕ. Агенцијата ќе продолжи, како што се додава, да ја следи ситуацијата и да ја информира јавноста за сите значајни информации.

Неколку часа по координираните американски и израелски напади врз Иран, Техеран покрена ракетни напади насочени кон клучни американски воени објекти во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин, што означи остра ескалација на одмаздата во тековниот конфликт меѓу САД и Иран. јт/

 

Остани поврзан