• понеделник, 06 април 2026

Комплетирана реконструкцијата на локалниот пат Блатец - Детлово

Комплетирана реконструкцијата на локалниот пат Блатец - Детлово

Виница, 17 март 2026 (МИА) - Општина Виница денеска започна со реализација на уште еден, според нив, капитален проект. Станува збор за втората фаза од реконструкција на општинскиот локален патен правец помеѓу Блатец и Детлово, односно за делница од овој локален пат долга 2,5 километри.

-Со  ова се решава голем инфраструктурен проблем, значаен,  пред се, за жителите од село Блатец, но и за жителите кои имаат земјоделски посеви од дветте страни на овој локалниот пат, смета градоначалникот Митко Костадиновски.

Всушност, реконструкцијата на оваа делница претставува комплетирање на санацијата на патот  Блатец-Детлово долг 5,5 километри. Во првата фаза од проектот беа реконструирани 3 километри, 

Вкупната вредност на оваа инвестиција достигнува 25.635.100 денари,  обезбедени во најголем дел од Министерство за транспорт преку владиниот повик за инфраструктурни проекти. Помал дел се сопствени средства од буџетот на Општина Виница. ис/вј

фото: Општина Виница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан