• петок, 20 март 2026

Коалицијата предводена од САД пресретна дронови и ракети над Ербил

Коалицијата предводена од САД пресретна дронови и ракети над Ербил

Ербил, 28 февруари 2026 (МИА) – Коалицијата предводена од САД во Ирак собори неколку ракети и дронови со експлозив над градот Ербил, соопштија курдските безбедносни сили.

„Силите на меѓународната коалиција успешно пресретнаа и соборија неколку ракети и дронови со експлозив над Ербил“, соопштија антитерористичките сили во ирачкиот автономен регион Курдистан во изјава.

Не се пријавени жртви или материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан