Итно хоспитализиран поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу
- Поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу е итно префрлен во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза" во Тирана поради здравствени компликации, објавија медиумите.
Тирана, 4 февруари 2026 (МИА) - Поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу е итно префрлен во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза" во Тирана поради здравствени компликации, објавија медиумите.
Од болницата информирале дека поранешниот шеф на државата бил примен во болница со респираторни проблеми.
Веднаш по пристигнувањето, тој бил примен на Одделот за интензивна нега на Клиниката за кардиологија, каде што е под интензивен мониторинг од страна на медицинскиот персонал.
Според прес-службата и информациите од болницата, виталните параметри на Мојсиу моментално се стабилни. Лекарите динамички ја проценуваат ситуацијата за да го утврдат соодветниот момент за извршување на потребната интервенција.
„Целиот персонал на кардиолошката служба е во состојба на готовност за да ја држи состојбата на поранешниот претседател под контрола“, изјавиле од клиниката.
Мојсиу е роден на 1 декември 1929 година во Скадар, бил висок воен старешина, а претседател на Албанија беше во период 2002 до 2007. Тој беше голем пријател на покојниот македонски претседател Борис Трајковски. вт/рп/
Фото: ФБ на Мојсиу