• понеделник, 06 април 2026

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда

Техеран, 6 април 2026 (МИА) - Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека утрово е убиен генерал-мајор Маџид Хадем, без да наведе детали.

Хадем беше шеф на разузнавањето на ИРГЦ.

Претходно, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека бил информиран оти израелската армија го елиминирала Хадеми. Според Кац, Хадеми е директно одговорен за смртоносните ракетни напади врз израелските цивили.

Револуционерната гарда пука врз цивили, а ние ги елиминираме главите на терористите. Иранските лидери живеат во состојба на прогон. Ќе продолжиме и ќе ги ловиме еден по еден, наведе Кац. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан