• четврток, 25 декември 2025

Иницијатива Кочани да стане регионален центар за обука на пожарникари

Иницијатива Кочани да стане регионален центар за обука на пожарникари

Кочани, 19 декември 2025 (МИА) - Дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и опреми како тренинг-центар за обука на пожарникари. Општина Кочани и градоначалникот Грозданов се подготвени да ги преземат неопходните активности за уредување на теренот и да обезбедат услови за одржување на теоретската настава во рамките на обуките.

Ова е резултат на денеска одржаната работна средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, на кој присуствуваа и претставници на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.


Во наредниот период е предвидено потпишување меморандум за соработка, а планот е обуките да започнат напролет. Со реализацијата на оваа иницијатива, Кочани ќе стане регионален центар за едукација и усовршување на пожарникари од целата држава.

Ваквиот проект, велат од локалната самоуправа,  се очекува да донесе повеќекратни придобивки – унапредување на капацитетите и подготвеноста на пожарникарските служби, размена на искуства и знаења, како и подигнување на пожарникарството на повисоко професионално ниво. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан