• петок, 20 март 2026

Израел соопшти дека цел на нападите во Техеран било раководството, врз основа на разузнавачки информации

Израел соопшти дека цел на нападите во Техеран било раководството, врз основа на разузнавачки информации

Тел Авив, 28 февруари 2026 (МИА) – Цели на израелските сили беа членови на иранското раководство со истовремено бомбардирање на голем број локации во Техеран во координираните напади со САД врз Иран во утрово, соопшти израелската војска.

Војската наведе дека целите вклучувале локации каде што се собирале „високорангирани претставници на иранското политичко и безбедносно раководство“, пренесе ДПА.

Се вели дека подготовките за нападите траеле со месеци со поддршка на военото разузнавање, со цел „идентификување на оперативниот момент во кој се собираат водечките претставници на регионот“.

Се додава дека одлуката да се нападнат наутро, а не ноќе, била намерна и дека Израел по вторпат успеал „да постигне тактичко изненадување, и покрај сеопфатните ирански подготовки“, преку прецизно лоцирање на командантите и највисоките лидери.

Војската соопшти дека ги проверува ефектите од првичниот напад и дека се подготвува за можно проширување на конфликтот надвор од Иран.

Иранските извештаи од Техеран сугерираат дека највисоките лидери се сè уште живи по нападите. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан