Животните приказни на Братислав Димитров: Мојата последна средба со Лив Улман
- После кино ќе зацепевме накај корзо и во долгото глуварење се среќававме со нашите колеги. Некој жмиркаше и се клатеше како Џон Вејн. Друг се извишил на чизми со мамузи и нѝ дава до знаење дека е Док Холидеј, а по потреба и Били Кид. Цанко Курбла пола живот пропешачи со едно обесено раме, како Хенри Фонда. Имаше и такви што дигаа веѓа како Грегори Пек и се мрштеа како Џемс Дин. А јас? Јас лежев дома по цел ден на каучот со ладна крпа на чело и ги санирав моите љубовни јади, кои не беа за потценување. Мојата прва средба со Лив Улман беше во киното „Култура“. Тоа истовремено беше и нашата последна средба. Никогаш повторно не се сретнавме. Причина? Претерана љубомора. Од нејзина страна, разбира се. После на корзо фатив женска со исти црти како Лив Улман. Само погрешно распоредени.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.