• понеделник, 06 април 2026

Далас ги победи Лејкерси, Флаг постигна 45 поени

Далас ги победи Лејкерси, Флаг постигна 45 поени

Далас, 6 април 2026 (МИА) – Екипата на Далас маверикс  ги победи Лос Анџелес лејкерси ноќеска на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата со 134:128.

Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Далас, Купер Флаг, со 45 поени.

Далас победи по три последователни порази. Тие се на 12. место на табелата во Западната конференција (25:53). Лејкерси (50:28) се на четвртото место.

На другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќта недела кон понеделник постигнати се следните резултати:

Кливленд – Индијана 1147:108
Минесота – Шарлот 108:122
Њу Орлеанс – Орландо 108:112
Оклахома – Јута 146:111
Сакраменто – ЛА Клиперс 109:138
Голден Стејт вориорс – Хјустон 116:117. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан