• петок, 17 април 2026

Во Радовиш трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Во Радовиш трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Скопје, 28 март 2026 (МИА) - Во Радовиш денеска ќе се одржи трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

Трибината е закажана за 18:00 часот, а по завршувањето е предвидена изјава за медиуми.

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово.

Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места.

Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици. мч/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан