• петок, 20 март 2026

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица

Дубаи, 28 февруари 2026 (МИА) – Откако иранските државни медиуми јавија дека е покренат напад врз Дубаи, канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи соопшти денеска дека „се случил инцидент во зграда во областа Палм Џумеира“, во кој се повредени четири лица.

Во соопштението се наведува дека тимови за итни интервенции се испратени на лице место и оти пожарот што избил по нападот сега е „под контрола“, пренесе Би-Би-Си.

Четирите повредени лица се пренесени во болница.

Палм Џумеира е вештачки архипелаг во Дубаи кој е познат по луксузни хотели, и засега не е јасно што била потенцијалната цел на Иран, иако САД се воено присутни во Обединетите Арапски Емирати. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан