• сабота, 18 април 2026

Во израелски напад врз автомобил во јужен Либан загинаа најмалку тројца либански новинари, Израел тврди дека станува збор за напад врз терорист

Во израелски напад врз автомобил во јужен Либан загинаа најмалку тројца либански новинари, Израел тврди дека станува збор за напад врз терорист

Бејрут, 28 март 2026 (МИА) – Најмалку тројца либански новинари се убиени во израелски напад врз автомобил што му припаѓал на медиумскиот канал „Ал-Манар“ поврзан со Хезболах, јави новинската агенција „Ал-Манар“.

Нападот бил извршен во јужен Либан.

Либанскиот претседател Џозеф Аун го опиша израелскиот напад врз новинарите како „бесрамен злостор“

Израелската армија соопшти дека убила член на силите „Ар Радван“, елитна единица на Хезболах. Убиениот човек наводно со години дејствувал прикриен како новинар. Армијата соопшти дека терористот бил Али Шуаиб, кој се претставувал како новинар за „Ал Манар“. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан