• петок, 18 септември 2026

Астон Вила ќе продава играчи пред стартот на Премиер лигата

Астон Вила ќе продава играчи пред стартот на Премиер лигата

Бирмингем, 19.август 2026 (МИА) – До стартот на Премиер лигата остануваат уште два дена, а освојувачот на Лига Европа и учесникот во лигата на шампионите Астон Вила е активна последните денови. По неколкуте засилувања, од клубот најверојатно ќе заминуваат два играчи.

Езри Конса, стоперот и репрезентативец на Англија има понуда од шампионот Арсенал. Тој изразил согласност за трансфер и тоа воедно било сигнал двата клуба да почнат со преговори. Астон Вила бара 45 милиони евра, за играчот кој има одиграно седум сезони во клубот, но Арсенал сака да ја намали таа сума. Сепак потребата од играч во одбраната е голема за „топџиите“.

Можно е клубот да го напушти и Оли Воткинс. За него понуда има од Ал Хилал во висина од 45 милиони евра, а доколку замине тој Астон Вила ќе се обиде да го донесе Николас Џексон од Челзи. 

Во првото коло од Премиер лигата Астон Вила гостува кај Брајтон во недела на 23.август.    мн/

Фото: ЕПА