• петок, 17 април 2026

Американскиот воен брод „Триполи“ со 3.500 маринци пристигна на Блискиот Исток

Американскиот воен брод „Триполи“ со 3.500 маринци пристигна на Блискиот Исток

Вашингтон, 28 март 2026 (МИА) – Американскиот воен брод „Триполи“, на кој се наоѓаат 3.500 маринци, пристигна на Блискиот Исток, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

ЦЕНТКОМ на X наведе дека бродот USS „Tripoli“ (LHA-7) е амфибиски јуришен брод и дека во негова придружба се наоѓаат транспортни и јуришни ловци.

Воен извор претходно за Си-ен-ен изјави дека присуството на оваа експедициска единица на маринци им дава на командантите дополнителни можности за низа можни непредвидени ситуации. јт/

Фото: ЦЕНТКОМ на Х

Остани поврзан