• недела, 22 декември 2024

Јаневска очекува проблемот со образовните асистенти да се реши наредната недела

Јаневска очекува проблемот со образовните асистенти да се реши наредната недела

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) – Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини изјави дека образовни асистени за учениците со посебни потреби ќе има во вторник.

-Жалам што морам да кажам дека проблем со асистенти нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи она што Министерството го работи во еден ден. Само им порачувам на родителите дека асистенти ќе има, воопшто да не се секираат. Тоа што сум го ветила ќе го исполнам, вели Јаневска.

Таа посочува дека е добро сознанието оти треба да се посвети многу внимание на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат работата околу ангажирањето на асистени за децата со посебни потребни во училиштата.

-Но, и да ги доедуцираме, иако тоа требало да биде завршено и менаџерите и директорите на училиштата, но и тимовите кои треба да ја превземат оваа активност, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука, Јаневска порача дека следната година ваков проблем со ангажирањето на образованите асистенти, со што трпат и децата и родители нема да се повтори.

-Родителите воопшто да не се секираат ќе има асистенти, изјави Јаневска.

Инаку на почетокот на учебната година во училиштата во земјава беа ангажирани 815 асистени, додека за 200 асистени тече постапката за нивно ангажирање во училиштата, кои им помагаат на учениците со посебни потребни полесно да ја следат наставата и да го совладуваат наставниот материјал. вдј/aa/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан