• сабота, 21 декември 2024

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“
Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) - Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на пладне ќе одржи јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“. На јавната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, се поканети и претставници на Владата, Министерството за образование и наука и органите во неговиот состав. Се очекува да присуствуваат и претставници на државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, МАНУ и невладини организации чиј домен на интерес е образованието. Исто така, на седницата се поканети и претставници на меѓународни претставништва кои ги поддржуваат образовните реформи во земјава. Министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за МИА рече дека по јавната расправа во собраниската Комисија за образование, наука и спорт, очекува дефинирање на концепцијата за основно образование. Очекува плодна дискусија, а секој конструктивен предлог, кој ќе произлезе од расправата, ќе може да се вметне во концепцијата со која се спроведува реформа на основното образование, која е обврска, во согласност со Законот за основното образование од 2019 година. нд/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан