• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Торино, 17.октомври 2025 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино. Но, тој сè уште го нема потврдено учеството.

Ако настапи на Мастерсот тоа ќе биде негово 17.то учество и со тоа ќе го изедначи рекордот на Рожер Федерер. Ѓоковиќ и минатата година имаше обезбедено учество, но донесе одлука да не игра. Оваа година тој има освоено 4.580 бодови, а пред него се Карлос Алкараз со 11.040 и Јаник Синер со 8.500 двајцата веќе имаат обезбедено учество на Мастерсот во Торино.

Новак Ѓоковиќ седум пати завршил како победник на овој турнир, а последен пат тоа беше во 2023 година. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан