• петок, 05 декември 2025

Шпановиќ во одбрана на Ѓоковиќ за рекордот кој го „сруши“ Синер

Шпановиќ во одбрана на Ѓоковиќ за рекордот кој го „сруши“ Синер

Белград, 3.септември 2025 (МИА) – Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ реагираше на веста на срушениот рекорд на Новак Ѓоковиќ од страна на Јаник Синер. Најдобриот тенисер на светот Синер (Италија) успеа да се пласира во четвртфиналето на УС опен со што стана најмладиот тенисер, кој успеал на сите четири Грен слем турнири во период од две години да игра четвртфинале. 

Синер до рекородот дојде со 24 години и 8 дена, а Ѓоковиќ беше 91 ден повозрасен кога го оствари истиот подвиг.

Атлетичарката Шпановиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави „Новак тоа го направи чист“, алудирајќи на допинг скандалот на Синер. 

Италијанскиот тенисер во февруари беше суспендиран во период од три месеци, откако минатата година во два наврати бил позитивен на допинг тест на забранетата супстанца клостебол. 

За време на суспензијата Синер не пропушти ниту еден Грен слем турнир, а потоа на Ролан Гарос играше финале и триумфираше на Вимблдон.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан